БЕЛАСИЦА ПОБЕДИ, А НЕ СЕ РАДУВАШЕ

Историја

Во сезоната 1995/96 на Беласица и “гореше” под нозете и бараше спас во Прилеп, најтешкиот терен. Ден пред мечот со Победа го назначија за тренер Благој Истатов. Под Маркови кули тој и струмичани уживаа симпатии и во мека игра победија со 0-1. Им беа дозволени 10 шанси на празна мрежа, се испромашуваа, одвај погоди ветеранот Беличев. Наместо радост, во соблекувалната – кавги. Сите со наведнати глави пред Истатов кој викаше на цел глас. Откако дојдоа новинарите се смири и даде интервју на струмички:

– Тежок натпревар, децата се малце у криза. Спасихме се и задоволен сам од играта на мојте фудбалери – рече тој.

Сте настапувале во дресот на Победа. Како гледате на овој клуб?

– Победа отсекојпат е била голем клуб и таква ќе остане – рече Истатов.

Наредното гостување односите се влошија во мирна игра. Бразилците Оливеира и Жилсон немаа милост и дадоа пет гола. Истатов огорчен го напушти Прилеп.

Loading