ИЗЛОЖБА НА КАРИКАТУРИ ОД МИЛЕ МАНЧЕВСКИ

Вечерва во галерија

Изложба на 40 тематски карикатури од велешанецот Миле Манчевски ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на Центарот за култура. Прилепчани првпат ќе ги видат карикатурите работени со дрвени боици, на кои авторот пренесол ставови за политиката и социјалата. Пораките се универзални, на вечен оптимист, кој раскошниот талент го подредил во задлабоченоста на проблемите на нашиот “мал човек”. Манчевски застанува рамо до рамо со најголемите македонски карикатуристи. Дарко Марковиќ вели дека цртежите се огледало на карактерот и условите во кои создава. Член е на Здружението на карикатуристи на Македонија и на ЗНМ.

Loading