ПЕТИЦИЈА ЗА КОРЗО

Трета лига

Неколку клубови од Третата лига – Југ собираат потписи за признание на ФК Корзо за најфер тим. Одушевени се од приемот и испраќањето на неутралниот терен во Г. Коњари. Поддршка стасува од велешките Бабуна и Илинден и од прилепските тимови. Служиме за пример – вели Панде Трајчески, претседателот. Од друга страна, Корзо доживеа разочарување во Б. Село со пораз 3-1, по судиската лакрдија. Два гола биле “апла” офсајд. Признале и домашните. В недела (15 ч.) е дуелот дома со Вардарски. Останати: Партизан – Победа јуниор, Г. Коњари – Илинден, Младост – Млекар. Претходно: Млекар – Ц. Река 1-0, Партизан – Г. Коњари 3-0. Табела: Победа ј. 47, Бабуна 42 бода. Во општинската А – лига в недела (16 ч.) лидерот Динамо дома игра со Козара. Останати: Обршани – Боротино, Тризла – Ц. Ѕвезда, Тополчани – Пролетер, Чепигово – Кадино. Претходно: Кадино – Кадица 2-1, Пролетер – Чепигово 3-2, Ц. Ѕвезда – Тополчани 2-0, Боротино – Тризла 2-1, Козара – Обршани 2-2. Табела: Динамо 34, Тополчани 30 бода. Во општинската Б – лига (10 ч.): Пелагонија – Гарван, Беровци – Илинден, Клепач – Братство. Претходно: Илинден – Клепач 1-2, Гарван – Беровци 4-0, Мукос – Пелагонија 3-1. Табела: Братство 33, Илинден и Гарван по 29 бода.

Loading