ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ БИЛЕТИ ЗА ВОЗ

Гимнастика

Клубот за гимнастички спортови “Партизан” покрај трофеите, ги брои и билетите со возот до Битола. Собраа точно 4000 повратни карти. Возот е најефтин превоз. Секој викенд, со 25 членови, сме во соседниот град на тренинзи – вели Златко Ангелески, тренерот. Клубот штеди. Од финансиски причини ја откажа организацијата на првиот државен натпревар. Никој не помага. Четири години бевме домаќини, натаму не се издржува. На 7 и 8 мај турнирот е во Битола. Планираме најмногу медали, како дома – истакнува Ангелески. Највозрасниот, Дино Бошњак (17), покрај понудите од Битола, останува во матичниот клуб во Прилеп.

Loading