ЖЕНИТЕ ПОДОБРИ ОД МАЖИТЕ

Тутунски игри

За денот на тутунските работници, рекреативци од Комбинатот учествуваа на спортски натпревари во арената “Сонце”. Во руско куглање, организирано од “кумот” на играта, пензионерот Аце Настески, жените ги победија мажите. Составот на Манипулација (Гина Врцкоска, Вера Коцеска, Ленче Гическа) освои повеќе поени од машкиот тим Тутун (Методија Костоски, Здравко Рупкоски, Љупчо Бумбароски). Истата екипа победи во пикадо. Меѓу мажите, триумфираше Цигарна (Јане Гудески, Сашо Темелкоски, Бранко Димоски). Во пинг – понг најдобар е Димитар Ѓорчулески (Цигарна). Цигарна победи и во мал фудбал. Учествуваа 50 работници.

Loading