ВЕСЕЛА И ПОУЧНА ПРЕТСТАВА

По премиерата на “Добриот великан”

Весела и поучна е новата претстава “Добриот великан” од Красимира Методиева, во режија на Милан Секулоски. Децата уживаа, реагираа на бројните актерски досетки на Ангела Кочоска, Бобан Алексоски, Илија Волчески, Теа Ѓорѓиоска, Александар Тодески и Милан Секулоски. И добија аплаузи. Претставата има еколошки пораки за заштита на природата. Но, и етички дека децата треба да се умни, да го ценат доброто и да им помагаат на послабите. Автор на музиката е Секулоски, а костимите и сценографијата ги изработи Даниела Настоска.

Loading