“ИЗГУБЕНИ ДУШИ” ОД ЈАСМИНКА НОВКОВСКА

Изложба на слики во ЦК “Марко Цепенков”

Изгубени души” е тематската изложба на осум слики – акрилик во комбинирана техника од м-р Јасминка Новковска, која вечерва во 20 часот ќе може да се види во галеријата на Центарот за култура. Делата се создавани во период од 2001 до 2003 година. “Автопортрет”, “Поделена Македонија”, “Балкански предавник” се само дел од творештвото. Новковска лани учествуваше на колонијата “Дрен”. Со сликите пренесува размисли дека политиката е простор на сплетки и манипулации, миење мозоци, чија цел е алчност до смрт, богатство и моќ, поле каде нема место за интелектуален и духовен натпревар. Академец е од Факултет за ликовни уметности во Скопје, а магистрирала во Софија. Имала самостојни изложби во Скопје, Софија, Њујорк, Берлин и повеќе групни. Во 2000 година ја доби наградата “Љубомир Белогаски” за најуспешен млад автор за проектот “ЕРА”.

Loading