РАСТЕ ПРОЦЕНТОТ УСПЕШНИ НАПАДИ

Ракомет: Жито Прилеп го стокмува тимот

Најдобро полувреме со Србинките

Напорната работа мора да даде плодови. Тоа најдобро се гледа кај суперлигаш Жито Прилеп. Се елиминираат недостатоците полека. На пријателскиот меч со српскиот суперлигаш Јагодина, загубен со 30-33, при водство од 18-13, се одигра најдоброто полувреме. Одлични 30 минути. Имавме само три загубени топки. Расте процентот на успешни напади. Можевме да поведеме 10 разлика – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Во вториот дел, влегоа помладите и резултатот се сврти. Не е на потребно ниво соработката меѓу бековите со пивотите. Не се спречуваа навреме контрите. Има избрзувања во напад, со играч повеќе… Се гледа до каде сме. Доброто се усовршува, лошото се поправа. Посилни сме – смета Магдинчев. Во отсуство на репрезентативките Наумоска, Ацковска и Папуџиева, играат речиси сите: голманите Ангелеска и Дурланова, бековите Петковска, Шалевска, Гичева, Когој, крилата Ѓорѓиевска, Аџулеска и Срњакова, пивотите Илиеска, Туцо и Серафимовска. Важно е да добијат шанса.

В недела во Гевгелија

В недела е гостувањето на вториот Ж. Прилеп кај петтата Гевгелија. Фаворитот мора максимално до трите бода. Следи серија добри мечеви. Гевгелија е солиден ривал. Не е дозволено опуштање, туку само пожртвувана борба – советува Магдинчев.

Дурланова напредува

Голманката Сандра Дурланова (16) ја бараат на три страни. Покрај во кадетскиот и младинскиот, се почесто брани во сениорскиот тим. Најнадедежна е меѓу ракометарки е во Ж. Прилеп. Одма се гледа дали некој умее или не. Дурланова е талент. Бргу сфаќа и напредува. Може да прерасне во одличен голман – смета Магдинчев.

Русинките доаѓаат

Русинките Ксенија Ринкова и Софија Черникова доаѓаат и се приклучуваат кон тимот. Ги прифатиле сите понудите. Ќе потпишат и можно е да играат на 14 април против Металург – оптимисти се од Ж. Прилеп. Утре ќе се знае што ќе биде со Црногорките Даниела Матановиќ и Тамара Стојановиќ, кои беа пет дена на проба.

Loading