ПИЕДЕСТАЛОТ САМО ЗА ПРИЛЕПЧАНИ

Стрелаштво

На вториот државен куп со воздушно оружје за пионери, најдобри се прилепчаните. Прв е Христијан Ангелески (Х. Прилеп) со 179, пред Христијан Михајлоски и Филип Бурнески (двајцата од Нишан) по 173 круга. Екипно прв е Нишан, пред Охрид и Штип. Кај пионерките десетта е Викторија Тренческа од Стрелец. Третиот куп е по три недели во Охрид.