НЕМА ПЛАЧ НА ПАРТИ ЅИД

Штом среде некој град има ѕид, мора да имал некоја голема мака. Такви се и Берлин, Ерусалим. За нашиов не може да се рече дека е за ронење крокодилски солзи или за редење на текстил за среќа. Не за џабе се пее, се игра се свири се концертира. Тој е “мека” за забави, собиралиште на музичари, уметници. Лани дури се играше и претставата “Крпен живот”. Не е околината пуста. Со атрактивната фонтана, со споменикот на Александар, а и со Ченто, и со сета хортикултура, се создаде импресивно градско катче. Крај остатоците од ѕидот на некогашниот Куршумли ан се додале нов стил кон богатото културно наследство. Со новата градска куќа уште повеќе ќе се дотера градската срж. Понекогаш во малите саати, дел од младите потпивнуваат по некое шише црвено вино за кревање на адреналинот. И тоа има свој шмект. Има нешто волшебно во простор. Ѕидот остана меѓу новите градби да сведочи дека градската “душа” постои колку и да го менува ликот.

Loading