ВЕТЕРОТ ДАДЕ ГОЛ

Женски фудбал

Среќен гол го одлучи новиот првак во фудбалската лига за жени. На дерби за титулата, скопско Наше такси – Победа 2-1. По головите на Браими и Милеска, пресудна е 94. минута, кога шутот на Станковска наместо во рацете на прилепската голманка, завршува во мрежата, бидејќи топката ја одвеа ветерот. Скопскиот тим има три бода предност, недостижна, оти нема друг ривал да застане на пат во останатите шест кола. Од Победа не се помируваат со исходот и доставија жалба за неправилен настап на Салихи, која паралелно играла и во шампионатот во Албанија.

Loading