КОРЗО СЕ ДРЖИ

Трета лига

В недела (14 ч.) е 17. коло од Трета лига – Југ. Тимот без сопствен терен, Корзо по ремито (0-0) во Г. Коњари, в сабота “дома” на истиот терен го чека обршански Партизан. Лидерот Победа јуниор е гостин на Г. Коњари. Останати: Младост К. – Партизан, Велес Т. – Млекар МК. Претходно, Победа ј. – Млекар 3-0, Кожуф – Младост 2-0, Партизан О. – Бабуна 2-3. Табела: Победа ј 44, Бабуна 39, Младост 36, седми Партизан 22, деветто Корзо 20, 12-то Г. Коњари 18, 15-ти Млекар 10 бода. Во општинската А – лига в недела (10 ч.): Динамо – Обршани, Тризла – Козара, Тополчани – Боротино, Чепигово – Ц. Ѕвезда, Кадица – Пролетер, Воѓани – Кадино. Претходно, лидерот Динамо загуби 4-1 во Кадино. Во општинската Б – лига в недела (14 ч.): Гарван – Канатларци, Мукос – Илинден, Пелагонија – Братство, Беровци – Клепач. Претходно, лидерот Братство во Житоше со 8-2 го “растури” Беровци.

Loading