ТРКА НА ПЛАНИНА

Велосипедизам

В недела претстои првата планинска велосипедска трка во околината на Охрид, а меѓу учесниците се членовите на Илинден, сениорот Иле Крстески и јуниорот Гоце Радески. Очекувањата се големи. Трениравме напорно по околните ридови. Првпат учествуваме, ама можеме да изненадиме – вели тренерот Драган Димитријоски. Претходно, двајцата возеа вело крос во Сарај, Скопје. Кај сениорите Крстески е осми, кај младинците Радески четврти, а клубот екипно е шести.

Loading