“ПРЕМИЕРА” НА ЛУКА НА АКТЕРИТЕ ИВАНОСКИ

Даниела и Зоран Иваноски, и двајцата актери во театарот, го претставија во јавност неколкумесечниот син Лука. Почнаа да го шетаат низ градот, во парк. Не ќе биде чудно да го однесат и в театар. Лука да го види татко му како игра во “Тапани…”, во “Кавкаскиот круг…”… и каде родителите го минуваат најголемиот, креативниот, дел од денот. Кој знае, можеби Лука кога ќе подпорасне ќе тргне по стапките на своите претци и ќе стане актер. Оти потомците, ако се “заразат” од блиските со “театарската треска”, можеби ќе дочекаме заедно да создаваат ролји и да играат во “семејни претстави”. Старите велат дека “крвта вода не бидува”.

Loading