МЕРАК ЗА ДРИБЛИНГ

Фудбал: Владимир Петрески, играч на 11 Октомври

Гледачите можат да уживаат во фудбалски “слалом”

Меѓу најмладите во тимот на 11 Октомври, покрај И. Мирчески, Спиркоски и Дунимаглоски, е Владимир Петрески. Сезонава е во средниот ред. Ја оправдува довербата на стручњаците. Со Локомотива (5-2) ја крена публиката на нозе со неколку незадржливи пробиви меѓу четири – пет противнички играчи. Мераклија сум на дриблинзи, својствено за играчите за врска.. Есеноска тоа успешно го правеше капитенот Кулески. Пролетва се ослободувам од притисокот. Полесно е со репрезентативецот до мене, како Мегленски и други искусни играчи. Знаат да задржат топка, кога и кому да додадат. “Слаломот” е генот, кој се усовршува со напорно учење – вели Петрески. Течните акции се основа за шанси и голови. Има простор за подигнување на играта на повисоко ниво. Дома беа направени решето мрежите на Цементарница (5-1) и Локомотива (5-2), но на гости не е постигнат ниту гол со Миравци (0-0) и Беласица (0-1). Има ли тимот две лица? На гости не сме толку добри како дома, каде навивачите нé бодрат. Во Струмица решаваше еден миг, пенал и црвен картон. На дерби кој поведува, тој добива меч. Но, не паднавме, туку го задржавме расположението, со оглед на второто место, бод помалку од Охрид 2004 – смета Петрески. Следуваат два значајни дуела. В недела е гостувањето кај Еуромилк во Скопје, а после паузата дерби со третиот Тиквеш. На пораз не треба ни да се помислува, туку само на максимални бодови. Очекувам шест бода од двата меча. Прво в недела во Горно Лисиче. Есеноска победивме 3-0. Фааворити сме, моќни за триумф – заврши Владимир Петрески. Во тимот на Николче Здравески ќе паузира Ф. Мирчески, поради картони, а повратник е Данилов.

Голот е најголема мајсторија

На пат е да се реши неефикасноста на 11 Октомври. Пролетва дадени се дури 10 гола на четири меча. Навивачите аплаудираат на секој погодок, свират за промашувања. Бараат уште. Мегленски постигна еден, Ацески и Димитровски по два, Мојсовски пет. Сигурно најубав е со “ножички” против Локомотива. Гостите се бунеа, бараа некаков фаул, но таков гол не се поништува – вели Владимир Мојсовски. Сите се изредија во шансите. И стоперите се приклучуваат во напад. Топката често не влегува и во 100 настотна шанса, а од “мртов” агол го изненадува голманот. Димитровски влезе, двапати шутна и даде два гола. Голот е најголемата мајсторија. Искуство е во прашање. Играм 25 години фудбал – истакнува Драган Димитровски.

Покана за пионерите од Марсеј

Кадетите на 11 Октомври само се вратија од турнирот во Сараево, Б и Х, а пионерите се канети во Франција на традиционален турнир во април. Има шанси за учеството, кое би било од голема полза. Готвиме екипа од 20 деца – најавува Тони Наумоски, координатор. Во Сараево, меѓу 16 екипи, испуштен е пласман во 1/4 финале. Стартот е со победа над хрватскиот ГОШК со 2-1 ( Наумоски, Димоски), вториот меч е реми со српската Шумадија 1-1 (Наумоски), а третиот пораз од хрватскиот Виноградар 0-3.

Loading