60 – ТА ИЗВЕДБА НА “ОД КОЛ НА КОЛ”

За светскиот ден на театарот

Со 60-тата изведба на најгледаната урнебесна комедија “Од кол на кол” во режија на Коле Ангеловски, театарот во недела ќе го одбележи 27 март, светскиот ден на театарот. Секој посетител со влезница за вечерашната и утрешната претстава на “Антица”, ќе добие и гратис влезница за “Од кол на кол”. Ќе се прочита меѓународната порака на ИТИ – Унеско, напишана од Џесика А. Каахва, драмски автор, актер, режисер и театарски академик од Уганда. Во неа стои дека театарот е универзална алка за дијалог, општествена трансформација и реформи. Во македонската порака на режисерот Александар Поповски се вели дека театарот е слободна територија, ослободена од законите на гравитација и законите на општеството. Театарот е прашање на живот или смрт. На судбина, нешто за што вреди да се живее. Театарот не се објаснува, мора да се доживее – посочува Поповски. Светскиот ден на театрите се одбележува од 1997 година.

Loading