ПОТРЕБА ОД ПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕНЕР

Пинг – понг

Клубот Младост 96 има амбиции за подигнување повисоко ниво. Иако надежните пингпонгари напредуваат во сите возрасни групи, се покажува потреба од поквалитетна работа. Неопходно е доближување до професионализмот, како ФК 11 Октомври или ракометарките на Жито Прилеп. Треба професионален тренер. Имаме стручњаци, но на доброволна основа. Да можеме финансиски, би одбрале еден да биде постојано со пингпонгарите, како Уце во Крива Паланка. Така се постигнуваат повисоки резултати – вели Марјан Матракоски, член на управата. Пинпонгарската сала е на располагање и сите термини се зафатени. Младите имаат три, останатите се за девојките и сениорите. Тренери се Кире Ѓорѓиески, Саше Ѓорѓиески, Иле Карески. Последното пионерско првенство донесе 9. место за Христијан Иваноски и 10-то за Јана Наумоска. На ред е сениорското првенство, во арена “Сонце”.

Loading