ПЛАНИНАРКИТЕ ПОЧЕСТЕНИ СО ЦВЕЌЕ

Зимата конечно се предаде на средината на март. Сонцето предизвика 90 планинарите, главно од понежниот пол на “Јане Сандански” да бидат учесници на традиционално трето славје на Осми март во црквата во селото Тројаци. Покрај заедничкиот ручек, музиката, ората и песните, љубителите на планините им дарија каранфили на своите колешки. В недела ќе крстарат околу античкиот локалитет Стибера. А дел од планинарите на “Картуш” се хранеа од прекрасните пејзажи на околината на селото Скребатно и црквата Света Петка кај селото Велгошти кај Охрид. Трагаа по нова атрактивна патека. Другиот дел на планинарското друштво, од Дуње во Мариово, преку Лигураса, стаса до Беловодица и манастирот Свети Горѓи.

Loading