Некоја жена, имала слуга во куќата и сакала да се онади со него. Слугата се срамел, не мислел на то. Еден ден била в црква некоја слава. И требало да се одит. Слугата за да биде чист се преслекол и рекол:
– Клај ми вода да се искапам!
Кога отишол да се капит и кога се слекол гол, жената му се натурила сама в одајче… Тој пак не сакал. Замиен, недомиен се облекол и отишле в црква. Жената влегла напред, а слугава – поназад. Ко влегол слугата – сите свеќи изгаснале. И попот дал наредба:
– Кој шќо влезе сега последен, нека дојт најпрв до мене, да го прашам нешќо.
Отишол слугата кај попот и попот му рекол:
– Што имаш ти сторено?
– Ами, нишќо немам сторено.
– Хе, не, не, голем греф си обрал!
– Хе, бре!
– Кажи, иначе немат ни да излезиш одовде вака.
– Еј, па, сакаше да се штави газдарицата со мене, ја не сакаф. Едино то. Друго нишќо не знам.
И тогаш му рекол попот:
– Па, од тој поголем греф кај имат? Таја запалена сакала да се праит, а ти не си сакал, си е понижел. Голем греф си учинил!
И кога го кажал то, свеќите се запалиле.