БЛЕСОК, МЕСТО МАГАРИЊА

Низ чаршијата отсекогаш рамо до рамо шетале господа и магариња, богати и сиромашни, бегови и голтари… Не биле прилепчани покондирени како чорбаџиите од другите градови. Најважна била чесеноста. Без тоа, не се признава ефендија, па колку и да си дотеран и накинџурен. Опнатите, наместо почит и метании, добивале мајтап и служеле за подбишега. Тоа бил еснафскиот чаршиски тертип. Дуќаните сега се помодерни, свеќите и фенерите ги заменија неонките и сјајот на колоритот на рекламите. Место калдрма, се гази на плочки од травертин. Ама и магарињата се искурназија… Исчезнаа од чаршиските сокаци.

Loading