СТАРТУВА ТРЕТАТА ЛИГА

В недела (14 ч.) продолжува првенството во Трета лига – Југ. Лидерот Победа јуниор на Кире Овезоски, в понеделник, дома, го чека Млекар на Коле Вецески. Корзо на Панде Трајчески гостува во Големо Коњари. Останати: Кожуф – Младост Кривогаштани, Партизан Обршани – Бабуна. Продолжуваат и Општинските лиги. В недела (14 ч.) во А – лигата, неприкосноевниот Динамо во Мажучиште ја чека Тризла. Останати: Тополчани – Обршани, Чепигово – Козара, Кадица – Боротино, Воѓани – Ц. Ѕвезда, Кадино – Пролетер. Во 10 часот е Б – лигата, каде водечкото Братство Житоше оди кај Клепач. Останати: Гарван – Мукос, Пелагонија – Канатларци, Беровци – Илинден.

Loading