СЕ ОТВОРА ЈУЖНАТА ТРИБИНА

Комбиниран влез во стадионот “Гоце Делчев”

Управата на 11 Октомври ќе ја отвори јужната трибина за бесплатни влезови на стадионот Гоце Делчев. На северната ќе се плаќа влезница од 50 денари. Одиме кон погорен ранг. Треба да ги навикнуваме навивачите на потребата од платен влез. Тргнуваме на доброволна основа. Знаеме каква криза е, но има навивачи да помогнат со скромни 50 денари – вели Сашо Иваноски, претседателот. Есеноска клубот бргу ги придоби симпатиите на фудбалските љубители. Северната трибина на секој меч беше преполна и со право на Изборот на спортист на градот, добиена е наградата – најгледан тим. Очекуваме иста глетка како лани и многу публика. Ќе порасне бројот на гледачите, бидејќи пролетва ја отвораме и јужната трибина. Играчите ќе добиваат поддршка од двете страни – истакнува Иваноски.