НАВИВАЧИТЕ БАРААТ ГОЛОВИ

Фудбал: В недела 11 Октомври – Цементарница

Важни се бодовите, но добро е три – четирипати да ја погодиме гостинската мрежа – вели Гешоски

В недела (14 ч.) на стадионот “Гоце Делчев” е второлигашката пресметка 11 Октомври – Цементарница. Од првиот пролетен меч дома навивачите посакуваат окупација на гостинската половина, шанси и голови. Најважни се трите бода. Не е сеедно каков ќе е резултатот на победата. Добро е три – четирипати да ја затресеме гостинската мрежа – вели напаѓачот Благоја Гешоски. Потребно е да се елиминира неефикасноста, демонстрирана на гостувањето кај Миравци, каде не се користеа шансите и остана 0-0. Тимот изгледаше како есеноска, со “гранитна” одбрана и јалов напад. Бодот ги задржува шансите за највисок пласман. Носи и оптимизам. Одигравме добро и штета што не освоивме цел плен. В недела публиката ќе види силен 11 Октомври, ефикасен и триумфален – порачува капитенот Дејан Кулески. Гостува поранешниот Цементарница, која покажа квалитет пред седум дена, кога на свој терен извлече реми (1-1) со фаворитот Тиквеш. Екипата е надежна. Противникот е млад состав. Нема дилема дали ќе стасаме до трите бода. Победуваме пред верните симпатизери за да потврдиме дека го сме најквалитетен второлигашки тим – истакнува Николче Здравески, тренерот. Состав: Коруновски – Димитриоски, Ф. Мирчески, Данилов, Рутески – Кулески, Мегленски, Петрески, Ацески – И. Мирчески, Гешоски.

Кадетите во Сараево

Кадетите на 11 Октомври од 17 до 20 март учествуваат на меѓународен турнир во Сараево, Б и Х. За пулените на координаторот Тони Наумоски е можност за собирање искуство против врсниците од Словенија, Хрватска, Србија… Мечевите се на прочуените стадиони “Кошево” и “Грбавица”. Есеноска кадетите играа против српскиот Партизан, на турнирот во Прилеп.

Loading