ГОРДОСТ Е ПРЕКАРОТ ЏАИЌ

Менде стакларот носи само црвено – бела облека

Многумина имаат прекар од фудбалската легенда, Драган Џаиќ, а најпрочуен е стакларот Менде Димески (57). Каде да го сретнете е облечен во црвено – бело, боите на Ц. Звезда. Го завикале Џаиќ од 11 години. Со душа чекав да го видам во весниците Темпо, Спорт, Ехо. На училиште само за него зборував. Еден Пецо од Мажучиште негодуваше “абе доста со тој Џаиќ”, а јас никако да престанам. Така ме завикаа Џаиќ – се сеќава Менде. Избегал од училиште да се сретне првпат со вистинскиот Џаиќ 1968 година, по мечот со Фиорентина. Џаиќ му дал автограм и членска навивачка книшка. Зачестиле патувањата до Белград и во градовите каде гостувала Ѕвезда. Со задоволство разговаравме. Кога стана претседател ме прими еден час в канцеларија. Влегува на врата еден член на управа од Победа, а Џаиќ му вели “извинете имам важен гостин”. Наѕира и што ќе види – важниот гостин сум јас!. Последен пат се видовме во Скопје во декември, кога беше гостин на ФФМ – вели Менде Џаиќ. Драган Џаиќ бил еднаш во Прилеп. Во 1979 година играл мал фудбал со ветераните на Победа во сала “Македонија”. Мечот заврши 4 – 4.

Loading