АЦА ЛУКАС ВОДИ, ЧОЛА ЗАД ПЕТИЦИ

ПРЕДЛОГ ЛИСТАТА НА ЗЕНИТ ЗА ПИВОФЕСТ ГИ РАЗБРАНУВА ПИВОПИЈЦИТЕ

Брена им дише во врат

Љубителите на пенливиот горчлив пивски вкус и квалитетната скара, сакаат барем засега естрадната ѕвезда Аца Лукас да ги забавува на овогодишното издание на Пивофест. Според гласовите на електронската анкета на неделниот весник Зенит на интернет сраницата www. zenitprilep.com.mk , води Лукас, зад петици му е Здравко Чолиќ, а во врат им дише Лепа Брена. Предлог листата со по 10 музички имиња од домашната и странската естрада да бидат забавувачи на фестивалот на пивото и скарата, наиде на голем интерес. И тоа не само меѓу прилепчани, туку и кај нашинците кои се на привремен престој во САД, Германија и Австралија, а кои годишните одмори планираат да ги минат токму во периодот на одржувањето на Пивофестот. Од македонската естрада најпосакувани забавувачи се Тони Зен и Сузана Гавазова. А без добра музика, нема добра забава. Криглите полесно се празнат кога звукот ќе го распара срцето, а тогаш скарата оди како подмачкана. Сéште има време прилепчани и сите посетители да го изберат нивниот и наш забавувач на фестивалската фешта за која надалеку се слуша. Ем, ќе избереме музика по наша мерка, ем на таткото на градот ќе му помогнеме при изборот на естрадни уметници кои ќе настапат на фестивалот.

Сите сме на потег. Гласајте на www. zenitprilep.com.mk за еден од кандидатите:

Loading