НА ШТРЕК СО ТОНОТ НА ПРЕТСТАВА

Благоја Пепељугоски, аудио мајстор во театар

Благоја Пепељугоски е 33 години тон мајстор во театарот. Имал и добри и лоши моменти. Но, секогаш, вели бил на ниво на задачата, ги презентирал звуците и музиката од претставите како што е нужно. Меѓу првите претстави му била тонската реализација на “Мангите пијат чај”. Се радува сега што по толку години “пушта” нова музичка креација за претставата. Убаво е чувството повторно да си дел од екипата на претставата, играна пред повеќе од 30 години, зашто се дава нов елемент музичката илустрација да прозвучи најдобро – вели Пепељугоски. Првите 18 години и тон мајстор и инспициент. Пуштал музичка заднина на над 150 премиери. Креативна е работата на тон мајсторот, зашто треба да се чувствува музиката, да се вметнат ефекти, за претставата се доживее во комплетен театарски чин. Публиката не гледа, но осеќа, оти музиката е основната боја во претставата. Нема нити една иста претстава. Сите се разликуваат. Во некои музиката е потивка, во други погласна. Нужно е внимание да не ги покријат актерите, а да се постигне саканиот ефект – раскажува Благоја. Имал полни раце работа, оти техниката била механичка. Музиката се снимаше на магнетофон. Јаа вртевме и се губеше време. Техниката знаеше да затаи, па се снаоѓаме. Сега е полесно. Компјутерот прави сé. Во новите претстави има многу ефекти, музика. Само треба поодговорен однос, постојано да си на штрек, да не затаиш. Нужни се брзи интервенциии – вели мајсторот за тон во театарот. Со задоволство пуштал музика во “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Мангите…”. Особено во “Спиро Црне”, бидејќи се барало многу внимание. Комедиите му лежат, но барале помалку внимание. Посебно се посветувал во тонската реализација на детските претстави. Давал максимум, оти му годел аплаузот на децата.

Loading