“АНТИЦА” ИНТЕРЕСНА ЗА “ЕВРО СЦЕНА”

Претставата “Антица” во режија на Бранко Брезовец синоќа ја гледаше уметничкиот директор на театарскиот фестивал “Евро сцена” од Лајпциг, Ен Елизабет Волф. Нејзе и остави впечаток спектаклот, во кој ансамблот игра, пее, танцува. Таа ќе се изјасни до јуни дали ќе ја внесе во програмата на фестивалот во ноември во Лајпциг, Германија, а е посветен на театарот, танцот, музиката, перформансите. Музичкиот спектакл досега е проследен од селектори од Словенија, Хрватска, Истанбул. Има најави и за други фестивлски селектори.

Loading