ОСМИ МАРТ НИЗ СЛИКИ НА ОСУМ СЛИКАРКИ

Осум уметници, членки на ДЛУП сликаа на “брзото сликање” што вторпат го организираше ЦК “Марко Цепенков” за 8 март. Уметнички креации создадоа Маја Најдоска, Анита Сотироска, Вера Николоска, Александра Богоеска, Лепа Милошеска, Бојана Аритоноска- Трпческа, Наде Тоскоска и Елизабета Макеска. Не само што сликавме, туку и го одбележавме Денот на жената поинаку од вообичаената пракса – велат уметниците. Создадените дела ќе бидат изложени на изложба.

Loading