КАНАЛИЗИРАНА ДАБНИЧКА

Каналот зад Поштата на ул.”Мице Козар”. Бетониран, под кој минува Дабничка река и сега тече кон Градската река кај мостот од Автобуската станица. Од секогаш тука се создавале проблеми со дотеците вода од Мукос планина. Со ангажирање на луѓето, се средило коритото со бетон, да не се излеваат поројните води. Одводниот тунел, поради растреситото тло и зафати од сличен тип, како на каналот на ул. “Вера Циривири”, се оштетува, распукува и се создаваат дупки. Над каналот на Дабничка минуваат товарени камиони со десетици тони блокови мермер. Не е лесно да издржи градбата од пред 50 години.

Loading