“ЧАРДАК” ЗА ДУША

Групата Чардак, речиси секој викенд настапува во различни ресторани, кафеани, свирејќи пред се староградска музика. Постои над 15 години. Членовите Кире Трајкоски – виолина, Зоран Тодороски – хармоника, Рубин Стојаноски – клавијатури и Пеце Радески – прим, со музиката разгалуваат душа. Песната им е мелем. Не само староградската што ечи од нивните грла, туку одлично исполнуваат евергрини, романси. Одлично друштво за забава и весело расположение.

Loading