“ФИЛИПОВО БРАШНО”

Легенда

Кога цар Филип ја создавал македонска држава, демнеле бројни непријатели. На места, и земјата горела од омраза и крвопролевања. Гореле населби, избувнувале пожари по шумите, житата. Недостасувало жито за луѓето и стоката. Мудриот цар Филип наредил, кога ќе узреат, да се соберат и складираат на суво костените. После се вареле по потреба, отстојувале и потоа се лупеле. Ронливото брашно го користеле како квалитетено бело брашно, кое, помешано со житното брашно, давало квалитетен леб. Ова била една мудра борба на Филип, во која извојувал победа против непријателот. Брашното го произведувал по него и Александар Македонски. Со тоа брашно стигнал до Индија. По смртта на Александар, се распаднала македонската држава и престанало производството на ова Филиповото брашно. Но, останала името “филипово брашно” и по 2500 години. При помените и раздавањето на гроб за душите обично се вели дека брашното е бело како од цар Филип.

Томе Велјановски,

марулчанец во Шведска

Loading