ПО СТАПКИТЕ НА ЖЕНИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ПРЕД ВЕК

Елена Ташкоска, претеседател на локалниот клуб на жени на СДСМ

Пред меѓународниот празник на жената, Осми март, Елена Ташкоска, претседател на женски дел на СДСМ, ги изнесува своите ставови за подинамично влијание на заедницата за еманципација на понежниот пол, видено низ нејзината призма. Таа пренесува и политички ставови на сегашноста и иднината, актуелни за домаќинки, жените – мајки, невработени, бизнисмени… Вели дека социјалдемократијата е историски поврзана со борбата за правата на жените. Први кои излегоа на улиците јавно да се борат за правото на глас на жената беа жените – социјалдемократи. Од тогаш, па до сега, жените, ориентирани социјалдемократски, ги следат основните постулати, поставени уште во тој период, важен за сите жени, без разлика на политичките убедувања и место на живеење – објаснува таа. Како прва меѓу еднаквите во СДСМ, рамноправно ги застапува интересите на жените во политиката, исто како што тоа го прави машката популација. Жените во СДСМ, најпрво, се залагаме за ослободување од старото, традицинално разбирање за улогата на жената во семејството и во општественото живеење. Одтука жените се еднакви во современиот свет. Приоритет ставаме на избор за создавање семејство и потомство, економска независност, воведување на стандарди на локално ниво за вработување, поттикнување на женското претприемништво со соодветни обуки и разни олеснителни околности, заштита на жената работничка од експлоатација и дискриминација, семејство во кое родителите се имаат еднакви права и одговорности. Не помал акцент треба да се стави на квалитетно здравство, достапно за сите, подобрување на условите во здравствените установи, едукација на жените за превенција од разни видови заболувања кои ја напаѓаат исклучиво женската популација, квалитетно образование достапно за сите, ефикасен систем за социјална заштита, подеднакво вреднување на мажите и жените на пазарот на трудот, подеднаков пристап до општествените ресурси, почитување на традицијата, но не на штета на жената, интегрирање на жените од руралните средини во современото општество и современиот начин на живеење и подигање на свеста дека животот на село е предизвик, а не недостаток, заштита и превенција на жената на разни видови насилства, вклучувајќи го и семејното насилство – посочува Ташкоска. Таа упати честитки за 8 – Март, за денот на жената до сите жени во земјава, со порака дека празникот не е ден на жената како понежен пол, туку тоа е ден кога се одбележува борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир.

Loading