ГОРДА ПРИЛЕПЧАНКА

Соња Блажеска – Претседател на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ

“Горда сум што наидувам на соработка и разбирање за секоја задача. Имам силна доверба дека жената во Прилеп може да се носи со сите предизвици на новото време”. Ова го изјави претседателот на Унијата на жени при ВМРО – ДПМНЕ Соња Блажевска. Смета дека еманципацијата на женската популација е во подем и добива секојдневна практична верификација. Тоа не е доволно за запирање на напорите за обезбедување рамноправност. Жените од Унијата на ВМРО – ДПМНЕ се носители на многу хуманитарни акции. Умеат да сочувствуваат и да даруваат при семејни несреќи, иницираат собирни акции во пари, облека. Ги посетуваат старите и немоќни лица, им помагаат на болните. На децата со посебни потреби секогаш им се поделени, пред сé, мајчински насмевки, домашно подготвени слатки јадења, чиста и здрава облеки, кои најчесто се поделуваат при посетите на населбата Тризла. Топли покривки и сé што значи потреба од секојдневието – информира Блажеска. Таа се радува што секојдневно е во контакт со своите сограѓанки. Ги гледам низ многуте паркови кои го красат градот, а се дело на Локалната самоуправа. Многу пријатните катчиња се места, за вредните сограѓанки да најдат простор за одмор, разговор, игра на своите деца и внуци. Некогаш сме мечтаеле за таков амбиент на градот, а сега ни е стварност на дофат. Тука не престануваме, ќе го разубавуваме градот во секоја негова пора и ќе влијаеме да биде уште попријатно место за живот -кажува Блажевска. Смета дека Паркот на револуцијата е вистинско место за уживање, прошетки, кои потсетуваат на првите допири, љубовта ,, на клупите,,, околу грмушките на некогашниот “Кермес”. Целосно е зачуван споменот на минатото, а почитта е сé поголема. И таму нé има да поделиме насмевки и да опоменеме, ако нешто не во ред – кажува таа. За денот, посветен на жената – мајката, работничка, политичар, доволно на граѓаните да им порача дека месните комитети на Унијата на жени секогаш им се достапни за средби, разговори, проблеми. Зашто таму ќе добијат правилни одговори и совети. Како директор на ОУ “Рампо Левката”, се гордее, зашто ги постигнала да го обнови во целост училиштето, да ги подобри условите за следење на современ образовно – воспитен процес, а колегите да се чувствуваат удобно со максимални услови за успешна реализација во наставата. Училиштето има најдобра инфрастуктура, санитарни јазли, целосно нова и добро опремена фискултурна сала и фитнес клуб. Комплетно се сменети вратите и прозорците. Работам со прекрасен колектив, кој се носи со времето на современата настава – вели Бажеска. Додава дека дека многу луѓе ја гледаат, поздравуваат, но не знаат од каде. Ја препознават од чаршијата. Израснав, нудејќи ги на вредните прилепчанки најубавите влечки во дуќанот на татко ми – се претставува Блажеска.

“Драги мои прилепчанки, овој Осми март минете го во пријатна атмосфера, верувајте во иднината, зашто “водата никогаш не се враќа, таа секогаш течи напред”. Така и ние сите, само со работа и верба во посреќна иднина за нас и за нашите деца, ќе бидеме среќни и задоволни. На сите жени им го честитам празникот и им посакувам добро здравје, лична и семејна среќа, успех во работата и справување со сите предизвици пред кои е исправена Македонија”.

Loading