ЖЕЛЕЗНИЧКАТА КРВ КАЈ КАТРАНУШЕСКИ

Пруги на сиромаштијата, станици за во историјата, но…

Кој не каснал железничарско лепче не знае што е одговорност

Врева и ноќен вагонски маневар

Од цилиндар до клип под контрола со современа телефонска и радиоврска

Покојниот Кирил роден 1915 година, синот Иле – 1951 година, внукот Кирил, роден 1980 година и уште двајца од фамилијата Катранушевци се столбот на железичарството во фамилијата. Сите раснати низ чадот на возовите. Знаат за љубовите кои ги носеле, за маневрите кои се правеле обично навечер се поставувале посебно вагоните од фабриките на посебни колосеци за истовар. Периодот кога цветаше индустриското производство беше плоден и за железницата. Врвулица имаше од товарни вагони за фабриките кои постојано се поставуваа на разни колосеци односно линии. Утовар, растовар, постојаната врева на локомотивата, свирка, пареа. Едноставно соживеав од мал со возовите. Професија, работа… Кој не пробал железничко лепче, не знае што е работа – вели Иле, кој работи како техничар за телекомуникациите. За пензија му требаат уште четири години. Веројатно, ни 31 годишниот син Кирил, иако завршил железничко училиште, тешко ќе “фати” некоја железничка бенефиција – работно место или бесплатен превоз, зашто по нивно кажување, одамна биле укинати таквите приоритети својствени за постарите вработени. Кирил, кој го носи презимето на дедо му, сега тргува со ламинати и ги нуди во дуќан во близина на куќата. Транзицијата, новото време носи други новини во секоја сфера. Модернизација, ефтин превоз, реновирање. Тоа е константна потреба за железничката композиција. Кај нас, освен дел за одржување на колите во Велес, Битола за товарните вагони и Скопје, нема депо за реновирање и обновување на вагоните, а производство во Смедеревска Паланка – кажуваат таткото и синот Иле и Кирил.

Пружната телефонија 40 години

Корзомаалецот Иле, помни како татко му ја минал младоста келнер во кафеаната кај Чумовчани. Од 1965 година живееле во стан крај железничката рампа, каде со помош на трскарот Гарванчето, осигурал место во ЖТП. До 1973 година работев во Скопје во погонот за електо техничко одржување. По Велес, се “стационирав” на релација Велес – Прилеп – Битола. Телефнските комуникации имаа свој центар во Битола со пружни (по пругата) уреди и апарати поставени на бандер. Порано рачки вртев за нормална линиска комуникација. Одржувањето беше скапо и стресна работа, зашто мора да постојано, да се мисли зашто врските не трпат спој, сплеткани жици кои создаваат шумови и некоординираност со другите службеници во железницата, управители кои се одговорни за движењето на возовите. Сега е модерно со соодветна телекомуникациската апаратура – кажува Иле Катранушевски. Железницата, по војската, била е втора која треба да почитува прописи, закони. Најважна било беспрекорно координирање меѓу сите сегменти од управник, службеник, монтер, свртничар, кондуктер, билетар, вилушкар. Секој го знае местото. Нема отстапки. Сé се знае. Ако се расипе локомотива, деловите се набавуваат по бројот на серијата од каде е. Дали тоа ќе биде Кенедиевата, Де Голдиевата, Горбачовата, од Боша. Секој знае кога да крене бајраче од блок куќиче да нема судир на возови… Дисциплината нужно е да е врвна. Оти станува збор за безбедност на луѓето. Одговорен сум за телефонската “радио” врска и постојано почитувам куќен – ред вели Илија. Совесност, одговорност, чиста, соодветна на функцијата, униформа со жолти ленти. Ветришта, виулици, жештини, горештини не се пречка за Катранушевски. Проодна пруга и контрола на жични спојки во соработка со поштата. Се било како подмачкано кај Иле. Жално е што се распаѓаат и тврдите градби на станиците. Бројноста на жителите по селата е причина за руираноста – рече Иле. Љубовта кон работата не ја однел некој од возовите кои одат и идат. “Му донесол” сопруга – Вера, која вели дека привилегија е да се биде жена на железничар и да се биде во фамилија на желеничари, зашто и синот наследил занает од таткото, поткован со теорија и со диплома. Вера најмногу жали за бенифиции при превозот со воз кои ги имале вработените, традицијата да се вработува некој од фамилијата по пензионирање или несреќа на вработен, режиските бенифиции и сл. Исто како слепите црева на тесно линејките на одредени места низ државата.

Каков народ такви вагони

Катранушев вели дека вагоните се онакви какви што се и луѓето. Вагоните се огледало на културата. Солидни се колите со оглед на односот на луѓето – рече Катранушески. Во кариерата се сретнал со многу познаници, а на преминот за Грција Кременица се сретнал и со телеграф, се запознал со царинските прописи и сл. Порано имаше и домаќин во секој вагон, кондуктерите известуваа за имињата на станиците, а во шпанските возови, машиновозачот со разглас ги известуваше да се подготват патниците за станица. Сите цилиндри и клипови, сé е беспрекорно функционално при транспортот по шините. Пред 25 – 30 години се тапацирале и бојадисуваат вагони, седишта, опремени со пердиња. Но, има хулигани кои уништуваат, ги тргнат рачките да го запрат возот… – забележа Илија Катранушевски.

Loading