ЗБОГУМ ЗА ФУЕРЕ – ЧЕСТИОТ ГОСТИН НА ПРИЛЕП

На 1 март завршува мандатот на евроамбасадорот Ерван Фуере во земјава. Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје и специјален претставник Фуере беше чест и омилен гостин и на Прилеп. Градоначалникот Марјан Ристески секогаш се трудеше да биде добар домаќин. На средбите не изостануваше размена на подароци со белези на Прилеп. Ристески му подари икона со заштитникот Свети Никола, слика со градскиот часовник и други пригодни подароци за спомен од првиот град, каде ЕУ “влезе” со средства од предпристапните фондови за градба на пречистителна станица. Евроамбасадорот со ирско потекло, секогаш изразуваше надеж за скорешно отпочнување на преговори за членство, кои ќе ја донесат Македонија до полноправно членство во Унијата и решавање на отвореното прашање со името. Данскиот дипломат Петер Соренсен од почетокот на следниот месец ќе го замени Фуере на амбасадорската функција.

Loading