“ПРЕСКОК” НА АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ВО ВЕНЕЦИЈА

Проектот “Прескок” од скулпторот Жарко Башески, чиј носител е ЦК “Марко Цепенков” ќе биде претставен на атрактивна локација во Венеција. Тимот предводен од директорот Тони Чатлески беше во Венеција и ги разгледа понудените локации за изложување. Во предвид се неколку простори. Авторот Жарко Башески ќе избере. Веројатно ќе биде просторот во центарот на Венеција, кој најмногу ќе одговара за претставување на трите наративни скулптури на Башески, со големи димензии изработени во полиестер и силикон – вели Чатлески. Според него учеството на Венециското биенале е убава можност да се чуе за Центарот за култура и да биде претставена неговата дејност. Посетата беше искористена и за воспоставување на контакти со културни инситуции од Венеција и за остварување на соработка. Кураторот на проектот, историчарот Емил Алексиев, вели дека ќе се претстави човекот кој сам себе си се носи, човекот кој сам се прескокнува и човекот кој се надвисува. Низ скулптурите ќе се гледала грчта, болката, патетиката и величенственоста на напорот да се биде човек. Венециското биенале ќе се одржи на почетокот на јуни по 54-ти пат и е на тема “Илуминации”.

Loading