ПОРТРЕТИ ОД ЧАТЛЕСКИ ВО СКОПЈЕ

“Портрети” е тематската изложба на 25 слики од Тони Чатлески која во вторник ќе биде отворена во КИЦ во Скопје. Љубителите на ликовната уметност ќе се запознаат со делата, за кои писателот Трајче Крстески вели дека не се портрети во класична смисла, туку портрет – крик. Делата потоа ќе бидат изложени и во Неготино. Чатлески досега изложувал во Асеновград, Бугарија, во Скопје, Охрид, Битола, Валандово, Кавадарци…

Loading