МИЦЕ И ЖИВЧЕ ВО НЕЗАБОРАВ

IN MEMORIAM

Градот остана без легендарните спортисти, шахистот Миле Башески – Мице (73) и фудбалерот Живко Ѓорѓиоски – Живче (66). Двајцата заминаа во незаборав, оставајќи длабоки траги. Мице го основаше шаховскиот клуб Слух. Темпераментен, полн со енергија, стасуваше секаде. Беше мајстор за древната игра. Многукратен првак на Македонија. Најголем успех му е вицетитулата во поранешна Југославија. Добитник е на плакета надобар спортист од нашиот весник за 2008 година. Живче почна млад во шеесеттите години од минатиот век. Со Победа играше пред полни трибини, на дофат до првата лига. Се прости 1976 година. Последен меч за паметење е победата од 5-1 над идниот прволигаш, Напредак.

Loading