ИТНО СЕ БАРААТ ИГРАЧИ

Кошарка

В сабота (19 ч.) во Спортска арена “Сонце, се игра мечот од плеј аутот за опстанок во Првата лига, Ултимејт баскет – Овче Поле. Од домашниот тим заминаа Младеновиќ, Бране Јанески и Ќурчиев, сите кај противникот и ќе гинат против “своите”. Итно се бараат нови. Можно е да дојдат битолчани или скопјани. Без повредениот Ѓорѓиевски, останавме само со Петровски, Славиша Јанески и пет младинци. Мора да се засилиме, инаку отпаѓаме – велат од У. Баскет.

Loading