ЈАВЕ ЗА “АРОПЛАН ШО ЛЕТА ПОЗЕМИ”

“Ароплан шо лета по земи – Житие по Коста Саруфте” е најновата книга од современиот раскажувач Блаже Алекоски, која синоќа ја промовираа професорот д-р Кирил Темков, д-р Љупчо Печијарески, Бранко Радовановиќ и Слободан Беличански. “Аропланот….” е книга посветена на еден од најпостојните личности во минатото на градот, Коста Поречанецот наречен Саруфте или Ароплан, кој имал успешна кариера како градител. Во книгата се пренесени основните и бројни факти и случки од животот на Саруфте, при што се анализираат социјалните и општествени случувања. Делото е вистинско житие, кое упатува на смислата на живеењето и на методите на човечката опстојба – вели професорот Темков. Алексоски е автор на десетина дела, меѓу кои романот “Ах”, книгата посветена на Аџи Христо Логотет, “Прилепските курназлаци”, Мајтапи, Прекари…, во кои се опишани значајни личности од минатото кои живееле и твореле во градот.

Loading