АНГЛИСКА ЛИТЕРАТУРА ВО БИБЛИОТЕКА

Сликовници, лектири, белетристика, стручна литература на англиски јазик доби библиотеката “Борка Талески”, од библиотеката “Гоце Делчев” од Штип во рамките на соработката на двете институции. Одделот за странска литература збогатен е со нови 500 наслови. Литераратурата е корисна. Донесовме сликовници за деца од најмала возраст, книги за деца од училишна возраст, лектири, белетристика на англиски јазик. Има и стручна литература од повеќе области: економија, математика, информатика. Книгите ги распределивме во неколку библиотеки – вели Вилма Јованова, директор на ГБ”Гоце Делчев” од Штип. Петар Петрески, директор на Библиотеката вели дека со новите книги се збогати одделот на странска литература, особено англиска. Сега располагаме со околу 4000 наслови. Со новата литература се é иновација во странските издаваштва и помага за усовршување на јазикот – вели Петрески.

Loading