КОРЗО ЈА ПОБЕДИ ПРЕСПА

Трета лига

Подготовки и на третолигашите. Корзо на Панде Трајчески загуби во Подмочани (1-3), а го доби фаворитот Преспа (1-0). Тимот, засилен со пет нови, закажа пријателска со прволигашот Пелистер. Лидерот Победа јуниор на Кире Овезоски тренира над јужната трибина од стадионот “Г. Делчев” и на Металец. Меѓу новите е битолчанецот Стефан Главевски. Од идната недела се тестовите. Првенството стартува на 13 март.

Loading