ДИМОСКИ НА ФИНАЛЕ ОД ЕП

Карате

Каратистите солидни на ЕП во Нови Сад, Србија, а судијата Златко Димоски, како секогаш – одличен. Единствен со максимална оценка – 100 доби финале на Шпанка со Англичанка. Заслужено победи Шпанката. Беше најдобра воопшто, со две “злата” на првенството – вели Димоски. Во состав на репрезентацијата на Македонија членките на КК Ронин, Зорица Спиркоска, Поликсенија Јованоска, Тијана Колеска и Марија Матракоска во ката тим стасаа до трето коло. Поединечно, Јованоска во прво коло победи Малтежанка, во второ загуби од Турчинка.

Loading