ВЕСЕЛА ПРЕТСТАВА ЗА ПУБЛИКА

По “Маратонците го трчаат почесниот круг”

Маратонците го трчаат почесниот круг” од Душан Ковачевиќ е весела комедија, актуелна и забавна претстава за уживање на публиката. Во претстава доаѓа до израз играта на актерите, кои одлично ја сфатиле работата и на сцената добро ги пренесуваат интересните случки на семејството Топаловиќ. Претставата потврди дека и денес текстот на Ковачевиќ е актуелен и опфаќа теми од секојдневието. За “Маратонците…” да прозвучат добро на сцената, се погрижија актерите Петар Димоски, Димко Вандески, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска – Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Зоран Иваноски, Цветанка Чавлеска предводени од режисерот Кирил Петрески и авторот на музиката Гоце Кантарџиоски. Се очекува “Маратонците…” да предизвика интерес и публиката да ја гледа. Од идната недела театарот започнува подготовки на новата претстава “Манги пијат чај” во режија на Коле Ангеловски, а во понеделник гостува Мал драмски театар од Битола кој ќе прикаже две претстави: “Столови”, играна и во Лондон на Деновите на македонска култура и “Дневникот на лудиот”.

Loading