ПРОМОВИРАНА “ЧУДЕСНИОТ БРОЈ ТРИ” ОД ПЕТАР ПЕТРЕСКИ

“Чудесниот број три” е книгата раскази од писателот Петар Петрески, која писателот Бранко Цветковски ја промовираше вечера во Библиотеката. Објавени се 16 раскази, преку кои авторот ја разбудил фантазијата. Според писателот Трајче Крстески, Петрески оформил 30 – тина разнородни ликови, со различни професии. Расказите се синтеза на фантастиката и стварноста. “Чудесниот број три” е зрнце љубов на љубовта, што се помалку ја има. Повеќето ликови имаат автентичност и автобиографско – вели Крстески. Петрески издал три книги поезија (Песни за темнината, Неморални бои и Дланка непочинка), изборот “Македонскиот урбан расказ”, и драмите “Трета мајка” и “Песијазол”.

Loading