КУТИЈА ЗА БИСТАР ВИД НА БИНАС

Подмладокот во Црвениот крст самоиницијативно се приклучил кон акцијата да се собере денар повеќе кој би í вратил дел од видот на малата Бинас Таироска. Акцијата досега мина успешно. Беа слеани дел желби изразени преку донаторски паричен хуман гест на минувачите низ центарот на градот. Секој остава колку што сака во кутијата, а ние им даваме бесплатна честитка. Има хумани луѓе. Задоволни сме од текот на акцијата – рекоа младите активисти на Црвениот крст.

Loading