БИНАС ПОБЛИСКУ ДО ОПЕРАЦИЈА ЗА ВИДЕЛО

Не стивнува широкоградоста и желбата, нашата слепа сограѓанка од 15 месеци Бинас Таироска да прогледа со операција и да му се придружи во играта на својот брат, близнак Тахир. Фирми и поединци ја покажуваат хуманоста, дарувајќи прилози за операција во Истамбул и видело на Бинас. Малото дете, кое дома се тетерави во темнината, ослепело од предвремено раѓање и инкубаторот. Не í се насмеа среќата да биде оперирана како нејзинот брат да го види сонцето. Со хуманитарната кампања која ја отвори Зенит и со заедничка благородна поддршка и таа има шанса да прогледа и да се радува на детството. Упорно постепено ќе собереме две илјади евра, од потребните десет илјади, од кои остатокот ќе го плати државата. Отворивме посебна сметка за да ја испратиме Бинас со родителите на операција. Ги повикуваме сите хумани луѓе да го извадиме невиното дете од мракот зашто и во него тлее живот и мечта да му се придружи на својот брат во детската игра со кукли и играчки.

За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.

Сметката за донации е 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите донации. Кога ќе се соберат околу 120 илјади денари, средствата ќе се насочат во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истамбул.

 

Loading