СÉ ПОВЕЌЕ ХУМАНИ ПОЕДИНЦИ И СТОПАНСТВЕНИЦИ ЗА ВИДЕЛО ЗА БИНАС

Фирми и поединци сé помасовно даруваат, 15 месечната Бинас Таироска да се оперира во Истамбул и да прогледа. Таа е слепа од предвременото раѓање и инкубаторот. Ја немаше среќата да биде оперирана како нејзинот брат близнак Тахири да го види сонцето. Со хуманитарната кампања која ја отвори Зенит и со заедничка благородна поддршка и таа има шанса да прогледа и да се радува на детството. Треба да собереме две илјади евра, од потребните десет илјади, од кои остатокот ќе го плати државата. Отворивме посебна сметка за да ја испратиме Бинас со родителите на операција. Ги повикуваме сите хумани луѓе, заеднички да собереме две илјади евра и да го извадиме невиното дете од темнина, да му се придружи на својот брат – близнак во детската игра со кукли и играчки. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140. 

Сметката за донации е 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите донации. Кога ќе се соберат околу 120 илјади денари, средствата ќе се насочат во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истамбул.