РИБИ В РЕКА

Саше Николоски, директор на ЈП Водовод и канализација

Од 2014 година ЈП ВИК ќе стопанисува со пречистителната станица

Замена на 70 проценти од канализационата мрежа

Колектор од двете страни на градската река, а талогот ќе се користи за бехатон плочки

 

Проектот од КФВ банката за реконструкција на 40 километри водоводна мрежа е успешно завршена приказна за Прилеп и ЈП Водовод и канализација, кое е пред нов предизвик – изградба на пречистителна станица и реконструкција на 60 километри канализациона мрежа. Заврши подготвителниот дел за проширување и реконструкција на дел од канализационата мрежа во вредност од 7 милиони евра и изработка на пречистителната станица во вредност од 11 милиони евра со средства од ЕУ, ИПА фондовите и буџетот на РМ. Изработена е проектна документација за 23 километри канализациона мрежа и колекторски систем. Уште на влезот, од двете страни на Оревоечка река, надвор од коритото, по кејовите, ќе се постават големи колектори, кои ќе бидат реципиент на сите отпадни води со што ќе добиеме чиста вода. Ќе се вратат рибите во градската река. Загадувањата ќе бидат целосно отстранети. Со тендерската документација е изработен идеен проект и дадени се одредени насоки кон понудувачите за изработка на основен проект за пречистителната станица заедно со технологија. Стручни екипи од ЈП ВИК и ЛС, Министерство за животна средина и Министерството за финасии ќе ги разгледуваат понудите. Со реконструкцијата ќе биде опфатена населбата Тризла со обиколен канал и потегот кон Марковите кули од каде најчесто се поплавува градот. Колекторот по улицата Тризла, Егејска, Димо Наредникот ќе оди во главниот колектор. Ќе се зафатат и ул. Октомвриска, Вера Циривири и дел од Чачорица со евентуални препумпни станици. Неодамна излезе најава за објавување тендер. Тендерската постапка треба да излези и главното тендерирање, ќе оди околу четири месеци за понудувачите да изготват основен проект, па 2 – 3 месеци е период на евалуација и реално е да почнеме со прекопување на улиците во септември – октомври. Граѓаните кои живеат на улиците кои се опфатени со првата фаза, мора да бидат подготвени – вели Саше Николоски. Реконструкцијата на планираните 23 километри заедно со главниот колектор, се околу една петтина од канализациона мрежа. Во втората фаза планирани се уште 40 километри или околу 70 – 80 насто од мрежата ќе биде обновена. Некаде има добра канализациона мрежа и ќе се искористи. Со преповрзувањето на новата фекална канализација, ќе се ослободи старата и ќе се искористи за атмосферската. Во наредните 50 години, градот нема да има проблем со канализационата мрежа. Реконструкцијата ќе биде 16 месеци, а за 24 месеци ќе биде завршена пречистителната станица. Според проектот имаме секундарен третман, добиваме квалитетна вода да ја искористиме за препумпување до Вештачкото езеро, или за полевање на полето. Неколку понуди и технологии се разгледуваат за користење на талогот кој ќе останува како на пример за изработка на бекатон плочки. Постојат студии за добивање на вештачко ѓубриво, за транспорт и одлагање на отпадот. Како партнер, ЈП ВИК во 2014 г. треба да го преземе управувањето и одржувањето на пречистителната станица – вели Николоски. Заедно со физибилити студијата и консултатните проектот во првата фаза чини 20 милиони евра. во Втората фаза е 10 милиони евра за 40 км мрежа, со можност за уште 14 милиони евра од ИПА фондовите.

ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ИСКОПААТ КАНАЛ

Примарна цел на реализацијата на проектот преку КФВ банката беше намалување на техничките загуби на водата. Потребна е подобра соработка со граѓаните. Тие треба сами да ископат шахти за водомер за поврзување со новите водоводни линии. Треба да се преповрзат десетина улици со околу 1200 приклучоци, од кои дел во Тризла. Излегуваме во пресрет на граѓаните да не останат без вода. Ако прокопот е 60 метри праќаме и багер. Работиме и сабота и недела. Кога ќе се поврзат сите корисниците на новата мрежа, загубите ќе бидат под 50 насто, односно од 66. Сега е 57 проценти – вели Николоски.

На готовс 17 бунари

ЈП ВИК располага со 17 бунари кои може веднаш да се вклучат со 180 – 200 литри вода во секунда. Иако не се ставени во функција четири – пет години, се уште се во кондиција. Со средства од Министертвото за транспорт, издупчени се 10 нови бунари и потребни се околу околу 500 илјади евра за да се дозавршат. Филтерската станица има дефекти на пневматските вентили заради неработење. За месец, два ќе биде во функцијасо капацитет од 60 литри во секунда. Иако, има вода и езерото, не треба да се занемарува станицата. Дарежливоста на Студенчица е 1700 литри во секунда. Заплашува што на Бистра нема снег. Мора да сме подготвени. Редовно се сервисираа обврските кон Студенчица, долгот е исплатен. Ако има криза се надеваме дека на тој што плаќа, ќе му се испорача вода. Нема потреба водата да

поскапи. Потрошувачката е намалена, оти совесноста е на повисоко ниво – вели Николоски.

Постепено и далечинко читање на водомерите

Во 2010 година ЈП ВИК почна со далечинско читање на водомери, на пилот проектите – зградите Ц во Точила и ул. Радовишка. Треба да се извршат анализи. Резултатите се добри, но работат на батерии со гаранција од 15 години. Имаме сознанија дека дел од батериите откажуваат за 2 – 3 години. Предвидовме три милиони денари за дел од долгогодишниот процес, кој бара внимание со новите компјутерски програми – вели Николоски.

Loading