ЈАВНОСТ ЗА КНИГАТА ЗА ВОЈВОДАТА ТОЛЕ ПАША

Потрага по вистината е предизвик за новинарот и публицист Тренчо Димитриоски, чија џебна книга за војводата Толе Паша беше промовирана во автентичен амбиент во манастирскиот комлекс кај селото Дуње. На промоцијата присуствуваа голем број посетители сакајќи да се запознаат со нашето минато и да ја проследат интересната програма. Димитриоски вели дека сака ја претставува македонската историја. Војводата Толе Паша заслужуваше да биде овековечен во книга. Публикацијата е дел од едицијата “Прилепски јунаци”, која содржи десет слични изданија за познати личности, борци за слобода и револуционери од прилепско, која треба да ја издаде ИК “Ризница”. Бел ден, доколку се обезбедат средства ќе видат и книгите за Ѓорѓија Лажот и Спиро Црне, војдодата Диме Чакре, Јордан Гавазот, тројцата браѓа Пешкови, битката кај Маргара и други – објаснува Димитриоски.

Loading